Полицискиот час од 22 до 5 часот продолжува да важи и по утрешниот ден

Полицискиот час од 22 до 5 часот продолжува да важи и по утрешниот ден

Министерството за здравство информира дека од утре продолжува да важи забраната за движење од 22 часот до 05 часот наутро. Владата оваа мерка ја донесе на 10 март, по предлог на Комисијата за заразни болести, при што беше најавено дека ќе трае до 22 март.

Од Министерството за здравство велат дека Комисијата за заразни болести следните денови согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки, за што јавноста навремено ќе биде информирана.

„Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од ковид-19“, се вели во нивното соопштение.

Инаку, изминативе денови расте бројот на новозаболени лица од ковид-19 во земјава, па така бројката на активни случаи викендов надмина над 15.000 лица, од кои речиси половината се од Скопје. Заедно со нив, се зголемува и бројот на хоспитализирани лица во ковид центрите низ државата, па така овој број денеска се искачи на дури 1.329 пациенти хоспитализирани во ковид центрите од јавното здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче изминативе денови предупреди дека ако влошувањето на епидемиолошката состојба во земјава продолжи, тогаш ќе бидат принудени да преземат порестриктивни мерки, а како пример го наведе намалувањето на работното време на угостителските објекти или зголемувањето на времетраењето на полицискиот час во текот на деноноќието.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …