Завршија внатрепартиските избори во СДСМ, со излезност од 92 отсто и 3.805 гласачи, Прилеп на чело во државата

Завршија внатрепартиските избори во СДСМ, со излезност од 92 отсто и 3.805 гласачи, Прилеп на чело во државата

Со затворање на гласачките места точно во 19 часот, завршија првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
Она што може да се каже и пред пребројувањето на гласачките ливчиња, е дека партиското членство на најголемата владејачка партија излезе во голем број на гласачките места, со што на актуелниот претседател и кандидат за нов мандат, Зоран Заев, му ја искажа својата безрезервна поддршка.
На ниво на држава, на гласање излегоа вкупно 60.790 членови на СДСМ, или 87.66%. Она што треба да се истакне, е одличниот резултат кој и според процентот, и според бројот на излезени членови на избирачките места, го постигна Општинската организација на СДСМ од Прилеп.
Имено, од вкупно 4.134 запишани гласачи во Избирачкиот список, на гласање излегоа 3.805 партиски членови, односно 92.06 отсто.
Во ОО на СДСМ Прилеп не го кријат задоволството од исходот од денешниот изборен ден за првите внатрепартиски избори за партиски лидер, кои било која партија досега ги организирала.
Заблагодарувајќи им се на своите сопартијци, претседателот на прилепските социјалдемократи, Миле Талевски, истакна дека со денешниот изборен резултат, со високиот процент и масовната излезност, СДСМ покажа дека е политичка партија со најголем демократски капацитет, во која граѓаните имаат најголема доверба.
Денешното гласање помина со целосно запазување на препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од ковид-19.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …