Поради опасност од атентат, новинарот Христо Грозев ја напуштил Австрија и заминал во САД

Поради опасност од атентат, новинарот Христо Грозев ја напуштил Австрија и заминал во САД

Истражувачкиот новинар Христо Грозев, извршен директор на меѓународниот колектив за истражувачко новинарство „Белингкет“, инаку Бугарин, дел од мрежата „Белингкет“, кој до неодамна престојуваше во Австрија, заминал во САД, јави бугарскиот онлајн-медиуми mediapool.bg.

Австриските власти го предупредиле Грозев дека убијци ангажирани од Русија активно го бараат, со помош на локални помошници. Грозев до неодамна живеел во Виена.
Според неговата изјава за „Фајненшел тајмс, поранешен офицер од австриските тајни служби, работејќи по налог на руското разузнавање, добил пристап до личните податоци на Грозев. Потоа, истражувачкиот новинар што се посвети на разоткривање на руското влијание во Бугарија и пошироко, заминал за САД.

Сепак, Грозев вели дека ќе продолжи со својата работа, бидејќи верува дека неговите истражувања имаат значење. Тој вели дека „не може да си дозволи да се плаши од Путин“.

„Австриските власти сметаат дека таму не сум безбеден. Не жалам поради тоа што го работам. Не можам да си дозволам да се плашам од Путин, оти така тој ќе победи“, вели Грозев.

Кон крајот на декември, руското МВР распиша меѓународна потерница по Грозев.

РУСКАТА АМБАСАДОРКА ВО СОФИЈА НЕ ЗНАЕ ЗОШТО МОСКВА ГО БАРА ИСТРАЖУВАЧКИОТ НОВИНАР ХРИСТО ГРОЗЕВ

Грозев со уште двајца други колеги од „Белингкет“ во 2019 година ја доби наградата за истражувачко новинарство на „Европските новинарски награди“ „European Press Prize“ токму за откривањето на главните виновници за труењето на Скрипаљови.

ГРОЗЕВ: РУСКИ ВОЕНИ РАЗУЗНАВАЧИ ВКЛУЧЕНИ ВО ТРУЕЊЕТО НА СКРИПАЉ СО ГОДИНИ РОВАРАТ НИЗ ЕВРОПА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …