Поради здравствени проблеми, Агуеро става крај на фудбалската кариера

Поради здравствени проблеми, Агуеро става крај на фудбалската кариера

Фудбалерот на „Барселона“, Серхио Агуеро, денеска на прес конференција соопшти дека од здравствени причини става крај на својата професионална кариера.

Откако 33-годишниот аргентински фудбалер заради болки во градите го напушти теренот на натпреварот против „Алавес“ одигран на 30 октомври, лекарските прегледи покажале дека има аритмија.

„Ја свикав денешната прес конференција да ве известам дека престанувам да играм фудбал. Лекарите ми рекоа дека тоа е најдоброто решение“, изјавил денеска Агуеро.

Тој е еден од најдобрите и најпознатите играчи во светот, а во каталонскиот клуб дојде ова лето како слободен играч, откако од 2011 година настапуваше за „Манчестер Сити“. Агуеро е најдобриот стрелец на англискиот клуб и четврт во историјата на ова натпреварување, откако на 275 натпревари постигна 184 голови.

Во својата кариера Агуеро настапувал и за аргентинскиот „Индепендиенте“ и шпанскиот „Атлетико Мадрид“.

За репрезентацијата на Аргентина одиграл 101 натпревар и постигнал 41 гол.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …