Порака од претседателот Пендаровски на Регионалниот состанок на регулаторните тела за медиуми

Претседателот Стево Пендаровски упати порака на отворањето на Регионалниот состанок на регулаторните тела за медиуми на Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија, што се одржува денеска во Скопје, во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од пораката на претседателот Пендаровски.

Почитувани организатори и учесници,

Ви благодарам на укажаната можност да ве поздравам на регионалниот состанок на регулаторните тела за медиуми кој, во исто време ја означува 25-годишнината од формирањето на македонскиот регулатор за медиуми, еден од најстарите на Балканот.

Слободните и независни медиуми се столб на демократијата и предуслов за инклузивен развој на општеството, со големо влијание врз граѓаните и со уште поголема одговорност кон јавноста. Растечката употреба на интернетот и на дигиталните медиуми, придонесуваат за менување и на аудиовизуелните навики на луѓето. Брзото ширење на информациите и дезинформациите преку интернет платформите, поттикнува сосема нови трендови во информирањето и кај традиционалните медиуми, што, за жал, придонесува сензационализмот и површноста, често да имаат предност пред истражувачкото новинарство и дистрибуцијата на точни и релевантни информации.

Во таа насока, сѐ повеќе расте потребата од независни и одговорни регулаторни тела кои имаат значајна улога во промоцијата и одржувањето на слободата на изразување, почитувањето на различноста и заштитата на маргинализираните групи во медиумското известување, унапредување на медиумскиот плурализам и професионалните новинарски стандарди, понатаму, во заштита на малолетната публика, и на крај, се разбира, не и најмалку битно, во напорите за поголема медиумска писменост и борба против пропагандата и погрешните информации и сите нивни подвидови, од дезинформациите до мисинформациите и малинформациите.

Со отворањето на нашите преговори за членство во ЕУ, се отвораат и нови обврски и предизвици пред Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги. Ќе биде потребно усогласување на националното законодавство со европската легислатива, вклучувајќи ги и законите од областа на медиумите, поточно, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со изменетата Директива за аудиовизуелни услуги на ЕУ и со актите поврзани со медиумската сфера.

Во изминативе неколку извештаи Европската Комисија го нотира подобрувањето во медиумската сфера и проактивниот пристап на регулаторот за медиуми во поттикнување на медиумскиот плурализам, посветеноста на унапредување на професионалните новинарски стандарди и промовирање на медиумската писменост. Имајќи ја во предвид нужноста ваквите трендови да продолжат, треба да се работи на интензивирање на медиумските реформи, но и на обезбедување на независноста и финансиската стабилност на јавниот радиодифузен сервис и регулаторот за медиуми, што вклучува, меѓу останатото, и префрлање на буџетски пропишаните средства за развој на радиодифузната дејност.

Сето ова е значајно за напредокот во медиумската сфера и за достигнување на европските стандарди во слободата на изразување и информирање, што се заедно влијае врз севкупниот демократски развој на државите.

Оттука, ги поздравувам вашите напори за  продлабочување на регионалната соработка за размена на искуства со земјите од регионот – со земјите кои се веќе членки на ЕУ и ги имаат усогласено своите национални законодавства, со земјите кои преговараат за членство, како и со земјите кои имаат такви аспирации, а сѐ уште не ги започнале преговорите. Подобрата соработка меѓу нас ќе значи и зацврстување на европската перспектива на регионот, а тоа претставува основа за поефикасно заедничко решавање на проблемите со кои сите ние се соочуваме.

Почитувани,

Ви посакувам конструктивни дискусии и подобра регионална соработка во иднина затоа што имаме иста цел.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …