Поставена барикада во мултиетничката населба Бошњачка Махала во Северна Митровица

Поставена барикада во мултиетничката населба Бошњачка Махала во Северна Митровица

Денеска е поставена барикада во мултиетничката населба Бошњачка Махала во Северна Митровица. Оваа населба се наоѓа помеѓу Јужна Митровица, каде мнозинството се Албанци, и Северна, каде живее мнозинско српско население.
Од полицијата потврдија и дека е подигната нова барикада на главниот пат кој го поврзува југот на Митровица со општина Звечан и остатокот од северот. Барикадата во Бошањачка Махала е прва поставена во Северна Митровица, а досега беа лоцирани на територијата на другите три општини со српско мнозинство на север – Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Растат тензиите на Косово, пукање во близина на патрола на КФОР

Србите од северот на Косово и Метохија и денеска 18-ти ден се на барикадите, а претседателот на Србија и врховен командант на војската на Србија, Александар Вучиќ им нареди на војската и полицијата да ја зголемат својата борбена готовност. Министрите за внатрешни работи и за одбрана Братислав Гашиќ и Милош Вучиќевиќ во понеделникот вечерта наредиле да се подигне целосната борбена готовност на сите единици на Министерството за внатрешни работи и на српската војска, како што соопштија, по наредба на претседателот на Србија Александар Вучиќ. Вучевиќ рече дека Вучиќ како врховен командант и наредил на војската на Србија во текот на ноќта да биде на највисоко ниво на борбена готовност „до степен на употреба на вооружена сила“. „Ова не издигнува на највисоко ниво на дејствување што го спроведува српската армија, заштитувајќи го територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и ги штити сите граѓани, спречувајќи погром и терор врз Србите каде и да живеат“, рече Вучевиќ.

Претседателот на Србија нареди да се подигне на највисоко ниво борбената готовност на Армијата и полицијата

На патријархот на СПЦ, Порфириј, во понеделникот му беше забранет влез на Косово и беше вратен од административниот премин Мердаре, поради што, според медиумите, синоќа се сретнал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но детали од разговорот не се соопштени. Косовскиот премиер Албин Курти во понеделникот во Приштина разговараше со командантот на КФОР Анџело Ристуча и шефот на мисијата ЕУЛЕКС Ларс Гунар Вигемарк, а на средбата беше оценето дека не треба да се поставуваат барикади на ниту еден пат на Косово. Како што соопшти владата на Косово, соговорниците заклучиле дека е неопходно „да се врати слободата на движење“ во однос на барикадите што Србите ги поставија на патиштата на северот на Косово.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …