СДСМ лого

Постигнат е сериозен напредок во преговорите за нова Влада, се очекува средба меѓу претседателите Заев и Ахмети за конечен коалициски договор

Соопштение за јавност

За време на викендот и денес продолжија интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата “Можеме” и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна Влада на Република Северна Македонија.

Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада.

Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години.

Имајќи ги предвид очекувањата за брз конечен договор, во текот на следните денови се надеваме дека ќе продолжи конститутивната седница за избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

За сите нови информации од финалето на преговорите во јавноста ќе известуваат исклучиво официјални лица или прес службите на партиите.

Прочитајте повеќе

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак …