Потпишан Меморандум за соработка меѓу Владата и Фондацијата „Метаморфозис“ за страгегијата за транспарентност

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Владата и Фондацијата „Метаморфозис“ за страгегијата за транспарентност

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари, вчера го потпишаа Меморандумот за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и фондацијата „Метаморфозис“ за поддршка во креирањето и реализацијата на стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија.

Процесот на подготовка на Стратегијата за транспарентност ќе опфаќа анализа на состојбата од страна на експерти, како и формирање на работна група составена од претставници на релевантни институции и граѓанското општество, со цел да бидат вклучени сите засегнати чинители.

За сеопфатен и инклузивен консултативен процес, освен средбите на работната група, предвидени се и јавни дискусии со кои ќе се овозможи учество на претставници на државниот, граѓанскиот, приватниот сектор и научно-образовните институции.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …