Информација од СВР Битола за појавата на самоповредување на ученици

Информација од СВР Битола за појавата на самоповредување на ученици

До Секторот за внатрешни работи – Битола, денеска 16.04.2019 од страна на директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, беше доставено официјално барање за постапување затоа што, како што е пријавено, кај неколку ученици била забележана појава на самоповредување.

СВР Битола постапува со најголема сериозност по барањето, со цел расчистување на овој случај. Побарана е информација од ЈЗУ Здравствен дом Битола, од каде не’ известија дека до денеска, во нивната здравствена установа не била побарана медицинска интервенција врз пациенти – деца, кои имале повреди настанати како резултат на самоповредување. Исто така, добивме известување дека во Клиничка болница Битола, во изминатиот период па се’ до денес, 16.04.2019 година, не се примени малолетни деца со нанесени повреди по телото поврзани со ваков случај.

Од ЈУМ Центар за социјални работи Битола, известени сме дека до денес дошол еден родител, кој побарал институцуионална помош за детето за надминување на проблемите кои се јавиле во неговото однесување, кое пробало да се самоповреди на раката (настан кој се случил пред Нова година). Во текот на денешниот ден на разговор се јавило и друго семејство за своето дете, кое минатата недела си нанело повреда. Извршен е разговор со директорот на училиштето и прибрани се сите информации за понатамошно постапување и преземање на мерки околу расчистување на случајот.

Се преземаат координирани активности и мултисекторско постапување со вклучување на стручните педагошки и психолошки служби на училиштата, Центарот за социјални грижи и здравствените институции.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …