Крушево: Ученици од СОУ „Наум Наумовски Борче“ освоија прво место на натпревар по гастрономија на Брач, Хрватска
dav

Крушево: Ученици од СОУ „Наум Наумовски Борче“ освоија прво место на натпревар по гастрономија на Брач, Хрватска

Учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево, Давид Трајкоски и Бојан Седлоски на меѓународниот натпревар за гастрономија во Хрватска, освоија златен медал, додека средното училиште од Крушево го освои второто место во конкуренција од 24 училишта од Европа.

Претставник од хотел „Монтана Палас“ Крушево, како еден од главните покровители, учениците, менторот Оливера Карева Скола, со асистенција на професорот Љупчо Крстески и директорката Снежана Миленкоска, одржаа средба со градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски. Честитајќи им на огромниот успех, на средбата во неговиот кабинет градоначалникот Христоски истакна дека постигнатиот успех претставува промоција на градот, на средното училиште, но и на струките од областа на угостителството.

На 14-от Меѓународен фестивал по гастрономија Супетар – Брач, Република Хрватска, кој се одржа од 9 до 14 април, учениците имаа можност да присуствуваат на мастер часови од реномирани европски шефови на кујни, а покрај професорите, директорката и покровителите, несебична поддршка во подготовката даде и Христијан Јорданоски.

Прочитајте повеќе

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Куќен притвор и одземање пасош се двете мерки што обвинителите ги бараат за осомничениот судија …