Потресната приказна на млад тетовчанец кој ги загубил другарите од дрога: Тргнете се додека имате време

Потресната приказна на млад тетовчанец кој ги загубил другарите од дрога: Тргнете се додека имате време

Конзумирањето наркотични супстанции во С. Македонија е во пораст, а тоа е изразено посебно кај младите. Експертите велат дека интитуциите треба да се поактивни во спречување на оваа негативна појава бидејќи процесот на ресоцијализирање на младите потоа е многу тежок.

За да се спречи и подигне свеста кај младите за многуте негативни последици од користењето на наркотичните средства, Порталб.мк објави потресна приказна од еден 21 годишник од Тетово кој сега веќе две години прекинал со користење, но сака да им порача на младите да не одат по тој пат, бидејќи носи само пропаст.

Љубопитноста да се „проба само еднаш“, упропастила многу човечки животи. Нашата редакција одлучи да ја објави оваа приказна која треба да послужи како инспирација и лекција за сите, за да стојат подалеку од секаков вид на дрога.

Тој прифати да разговара со нашата новинарка само ако остане анонимен, па затоа и
редакцијата на „Порталб“ одлучи симболично да го нарече Генти.

Порталб: Кога почнавте да користите наркотични средства?

Генти: Имав 16 години, бев втора година во средно училиште. Имав другари во класот
што конзумираа. Првата година немав желба да сум во нивниот круг, но како што се зближував со нив, што повеќе седев со нив, ме натераа. Детски ум. Излегувавме заедно, тие пушеа марихуана, јас алкохол, па пробав потоа и јас. Редовно конзумирав алкохол и марихуана. Сум пробал и печурки и екстази. Нема врска со што
почнуваш.

Порталб: Како ги доживеавте негативните ефекти од конзумирањето?

Генти: Една вечер, едвај дојдов дома. Само што ја отворив вратата, почна ходникот да ми се врти и едвај отидов до мојата соба, се удирав од ѕидовите, трудејќи се да се воздржам да не ме откријат. Отидов во мојата соба и ја направив најголемата грешка, легнав да спијам. Кога легнуваш да спиеш откако си испил многу, ефектот на дрогата или алкохолот е многу потежок и луѓето не можат да го поднесат тоа. Ми дојде на повраќање, станав да одам во тоалет за да не ја извалкам собата или салонот. Отидов во тоалет, пред да влезам внатре ме фати паника бидејќи местото ми се гледаше црвено. Има моменти кога си велиш дека ќе оставиш дрогата, но потоа ти поминува
паниката и после некое време, пак земаш. Иако сум имал тешки симптоми, подоцна ќе си речам, „ок, сега знам каде е границата, значи можам слободно да одам до границата“. Но секогаш границата е подалеку. И постепените промени не се гледаат, а тоа е најлошото.

Во моментите кога си под дејство, нормално дека не размислуваш онака како како што размислува еден човек, не мислиш „ова е лошо“, „ова е добро“. Кога пред да излезеш со друштво си испил две, кога ќе излезеш со друштвото уште три други, кога ќе
ги собереш заедно, за никаде си. Не познаваш никого. Седнати сте на кафе, не можеш да ја кренеш раката да ја земеш водата бидејќи ти е исушена устата. И се мислиш, зошто го направив јас ова?

Потресната приказна на млад тетовчанец кој ги загубил другарите од дрога: Тргнете се додека имате време
Фото: Unsplash/Jonathan Gonzalez

Порталб: Опиши ни го моментот кога ја остави дрогата и што се случи потоа?
Генти: Одбив да земам дрога. Сите запалија јас реков „јас нема да земам“. Тие сите рекоа „Што се случи? Зошто не сакаш? До Скопје бевме да земеме. Резил се
направивме за тебе“. Само реков „Не сакам“. Од тој ден, две недели сум имал главоболки како да ми излегуваше главата од место, од вратот нагоре, и носот, и забите, и се. Потоа ми „пукнаа“ и синусите, ова беше најлошото.

Порталб: Која е најголемата грешка што ја прават младите и кои се последиците?

Генти: Најголемата грешка што ја прават младите и се измамиле, е кога мислеле дека улицата е нивното семејство. 80 oтсто од нив се такви, бидејќи кога одат дома не се раат. Кога излегуваат надвор се слободни. Но, ако друштвото користи наркотични супстанции, нема повеќе семејство. Нема „брат“, „братот“ ти се заканува со нож за 100 денари. Двајца мои другари го загубија животот од наркотичните супстанции. Тројца што ги знам другар на другар од овде и од другите градови само сум слушнал дека починале. Во затвор, не им знам број.

Порталб: Дали можеш да ни раскажеш за случај кога си видел некој од твоите другари по тежок ефект?

Генти: Беше дојден близу станот каде што живеев тогаш. Се работеше за пари, го одбив. Но се симнав покасно да го проверам дали си заминал и што да видам, човекот беше во катастрофална состојба. Не знаев што да правам, се плашев да повикам полиција, се плашиш да повикаш брза помош. Го зедов на грб и го однесов близу болницата. Постојано имав страв да не умрел и постојано се плашев да не ме видат луѓето. Го оставив близу до болницата и си заминав. Не сум слушнал повеќе за него, по Тетово не сум го видел, а не смеам ни да го контактирам. Можеби е во затвор, можеби си заминал, во секој случај, не можев да ризикувам да ме фати полицијата. Доколку се посомнева полицијата, тогаш те имаат цело време под радар. Доколку те имаат под радар другите постојано се параноични дека ќе те фатат. Во полиција и во
притвор да си за оваа работа, ќе искористат се за да те натераат да зборуваш. Но ако
шпионираш, не е проблем полицијата, туку што ќе биде кога ќе излезеш. Не смеев да ризикувам да сум на радарот на овие другите. Ако излезеш од станица и потоа не те чепка полицијата или не те гледа накриво, си шпион. Или не дај боже да си илегол ти од станица и утредента да уапсиле некого. Сега и во овој круг има хиерархија, мислам во случаи кога станува збор за поголеми луѓе има и корупција и многу други работи.

Порталб: Како ја доживеа загубата на твоите другари?

Генти: Тешко беше да одиш на погреб. Бидејќи мајка му, татко му ќе те видат. Тие знаат што правел нивниот син. Кога слушаш на вести дека младо момче умрело од срцев удар, шансите се да било предозирање со дрога. Потоа се чувствуваш многу лошо бидејќи си ги прекинал контактите и не знаеш точно што се случило. Зошто не те повикал и доколку сте имале контакт, дали можеби си можел да му помогнеш.

Порталб: Што сфаќаат погрешно или не сфаќаат тие што конзумираат наркотични супстанции?
Генти: Реалностите се разликуваат. Тоа што го доживуваат под дејството на дрогата им се гледа нормално, а нормалниот живот им изгледа ненормален. Нормалниот живот им изгледа како ефект на дрога, додека ефектот на дрогата им изгледа како нормален живот. Гледаш, учествуваш или слушаш кавги секој ден. Секој ден се чувствуваш загрозен, се чувствуваш „me against the world“ (јас против светот). Дома не можеш да побараш помош, од полицијата не можеш да побараш помош, друштвото не се знае дали може да ме предаде. Ги мислиш овие работи. Потоа ти доаѓаат луѓе дома, секој се обидува да го заштити неговото семејство. Дошле да ми крадат, да ме натераат да зборувам. Сто илјади проблеми се создаваат: финансиски, семејни, со полицијата, со кругот.

Порталб: Дали имало некој момент кога ти се срушила оваа другава реалност, момент кога си мислел „она е ненормално“?

Генти: Да. Другарите почнаа да ми ги апсат, имаше многу полициски контроли,
а кога се случуваат овие работи има едно чувство, дека си „попаметен“. Пиев со двајца другари, јас само алкохол бидејќи почнав да се плашам да не не бидам при себе доколку се случи нешто, било апсење или смрт. Едниот зеде екстаза малку после алкохолот. Другиот другар, вториот, само екстаза. Јас и сум и не сум тука, мислам што се случило, што може да се случи, кога овој вториот другар ми вели „еј види го малку овој другиот“. Изгледаше како да спие, но се доближив да го проверам. Му го ставив прстот под нос но не бев сигурен дали дише или не дише. Овој другиот другар почна да се тресе, беше под дејство и плус го фатила паника. Му удрив шамар на првиот, не знаев што да направам друго, не можев да почувствувам дали има срцева активност. Очите му беа превртени. Го удрив уште еден силен шамар. За среќа му дојде душата. Овој што правеше паника уште се тресе и се ниша напред назад. Во тој момент си реков, „ова не е нормално“.

Порталб: Што би им порачал на младите што можеби пробале или конзумираат наркотични супстанции?

Генти: Нема да живееш само во периодот на адолесценцијата. Ќе завршиш едно школо, ќе завршиш еден факултет, нема да биде поинаков животот потоа. Не се менува животот сам по себе. Многу млади велат „да го направам ова, да го направам бидејќи сум млад“, затоа што потоа кога ќе одам на факутет ќе се сменат нештата, ќе се женам ќе се сменат нештата“, не се менуваат работите сами по себе. Доколку не му дадеш правец на животот, и 40 години да ги направиш ќе останеш на истото место. Тргни се додека е сè уште рано. Не вреди. Кола да помине ја вртиш главата, се плашиш да не е полицијата, се плашиш што може да ти направи полицијата, си се занимавал или не со големи работи, од кај знаеш кој може да те „среди“. Не се живее така.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

На видеа на ТикТок, има деца кои намерно не го прифаќаат ученикот кој скока врз …