Повеќенаменското спортско игралиште, дел од инвестициите во ООУ „Гоце Делчев“

Повеќенаменското спортско игралиште, дел од инвестициите во ООУ „Гоце Делчев“

Целосно реновирани тоалети, изградено повеќенаменско спортско игралиште, комплетна промена на осветлувањето во училиштето со ЛЕД светилки, како и реновирање на системот за греење, се дел од проектите реализирани во изминатите 3 години во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Повеќенаменското спортско игралиште, дел од инвестициите во ООУ „Гоце Делчев“Директорот на училиштето, Веле Ѓорѓиоски, нагласува дека во изминатиот период училиштето е молерисано, старите дрвени врати од училниците заменети се со ПВЦ, заменети се цевките за довод на вода во должина од 300 метри, направен е нов одвод во должина од 150 метри, а изградена е и обиколна бекатонска патека во должина од 150 и широчина од 4 метри.

„Сите овие проекти се реализирани со средства од локалната самоуправа, соработка која со несмален интензитет продолжува и во тековната 2021 година. За оваа година планирана е набавка на 29 компјутери, за кои тендерот е во завршна фаза, набавка на сите нагледни средства, поставување на реквизити за детско игралиште во училишниот двор, како и инсталирање на систем за обезбедување на техничка вода за системот ‘капка по капка’ и оградување на подрачното училиште во Радобил“, истакна директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Веле Ѓорѓиоски.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …