Повеќе од 280 ученици киднапирани во Нигерија

Повеќе од 280 ученици киднапирани во Нигерија

Вооружени напаѓачи на мотоцикли киднапирале повеќе од 280 ученици во нигерискиот град Курига. Инцидентот се случил пред училиштето пред почетокот на наставата.

Според очевидците киднапираните деца се на возраст од осум до 15 години.

Гувернерот на сојузната нигериска држава Кадуна, Уба Сани потврди дека се киднапирани 187 средношколци и 125 основци.

Тој додаде дека веќе се вратени 25 деца.

Пред неколку дена исламистичката група Боко Харам киднапираше десетици жени и деца во североисточна Нигерија додека собираа дрва за огрев.

Во 2022 година, во Нигерија беше донесен контроверзен закон за ставање крај на зголемениот број на киднапирања, што го прави исплатата на откупот казниво дело.

За ова е предвидена затворска казна од најмалку 15 години, но досега никој не е уапсен.

Прочитајте повеќе

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

Картелот Синалоа се смета за една од најмоќните и најнасилните организации за трговија со дрога …