„Почитувани прилепчани,
Вашето вечерашно присуство во олкав број, е потврда дека огромниот број на потписи кои ги дадовте за Стево Пендаровски, не биле случајност. И во неделата, а уште повеќе вечерва, ги поништивте сите лажни анкети на ДПМНЕ и на најдобар начин ја најавивте двојната победа на претстојните претседателски и парламентарни избори.
Граѓаните на Прилеп и на Република Северна Македонија сакаат својата татковина да ја видат како дел од големото европско семејство, како членка на Европската Унија. Затоа, на 8 мај Стево Пендаровски ќе победи на претседателските избори, а на 9 мај, СДСМ и Коалицијата ќе ја формираат новата Влада“, истакна во своето обраќање претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашното отворање на промотивниот штаб на ОО на СДСМ Прилеп.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место











