Ковачевски: Минатогодишната реколта имаше рекордно висока откупна цена на тутунот, следува зголемување на цената и на субвенциите

Ковачевски: Минатогодишната реколта имаше рекордно висока откупна цена на тутунот, следува зголемување на цената и на субвенциите

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на Комисијата за земјоделство на СДСМ, Трајан Димкоски, денеска во Прилеп одржаа средба со тутунопроизводителите од прилепскиот регион, на која беа сумирани резултатите од минатогодишната реколта, која имаше рекордно највисока откупна цена од 365 денари за килограм откупен тутун.

„Со зголемените субвенции за 20 денари од килограм, минатогодишната реколта ќе донесе просечна цена од вкупно 465 денари за откупен килограм тутун од прва класа. Исплатата на субвенциите се очекува да биде кон крајот на март или почетокот на април. Со новата програма на СДСМ за 2024 година, покрај субвенциите по класи, тутунарите ќе добијат и 6.000 денари по хектар обработлива површина, а со тоа се стекнуваат со право од 2025 година да користат 100% од трошоците за нафта по хектар во висина од 12.000 денари. Истовремено, новата програма на СДСМ предвидува зголемување на сумата за субвенции за периодот 2024 до 2028 година од 560 на 750 милиони евра, што е за 30% зголемени субвенции, што крајно ќе придонесе и за раст на извозот до 1 милијарда и 250 милиони евра.

Владата на СДСМ парите ги насочува кај вистинските земјоделци, нема партиски списоци за делење на субвенции, како во едно друго време. Нема веќе земјоделци кои седат во јавна администрација и кои земјоделство не виделе а добиваат субвенции. Денес, субвенции се исплаќаат според реформираниот модел за субвенции, во согласност со правилата на ЕУ и ги добиваат вистинските земјоделци добиваат субвенции, и добиваат 30% авансно. Како земјоделска влада која го слуша гласот на земјоделецот и заедно со него ги креира мерки за поддршка, и затоа има резултати, и затоа секоја поставена цел е остварена“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Генералниот директор на Тутунскиот Комбинат Прилеп и претседател на ОО на СДСм, Зоран Пачешкоски соопшти дека на почетокот на следниот месец, на сите кооперанти од прилепскиот Комбинат, ќе им бидат исплатени дополнителни 35 денари за килограм тутун.

„На седница на Собранието на акционери на Тутунски Комбинат АД Прилеп која ќе се одржи на 3 април, очекуваме да биде донесена одлука за ретроактивна исплата на дополнителни 35 денари за секој откупен килограм тутун на кооперантите на нашата компанија“, нагласи Пачешкоски.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …