пропаднат камион во фонтаната на плоштад „Македонија“

Повторно пропадна камион во фонтаната од 2,5 милиони евра на плоштад „Македонија“

Површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е магнет за камиони. По неколку месеци, денеска повторно пропадна камион во фонтаната од проектот „Скопје 2014“, за чија изградба се потрошија над 2,5 милиони евра.

На централниот скопски плоштад во моментов течат подготовките за организација на годинешното издание на „Пиволенд“.

Од Градот Скопје најавуваат санкции против субјектот чиј камион влегол на плоштадот „Македонија“.

„Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот „Македонија“, по што е причинета штета на плочникот. Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета. Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции“, информираат од Градот Скопје.

Инаку, површинската фонтана беше пуштена во употреба во 2015 година, но истата е надвор од функција во изминатиов период токму поради предизвиканите оштетувања од користењето на камиони кои пропаднаа во фонтаната. Според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“ на БИРН, за фонтаната беа потрошени 2.560.110 евра од страна на Градот Скопје.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …