протест косово

Повторно тензии на северот на Косово, српски претсавници преговараат со КФОР

Во Звечан дојдоа и лидерите на Српската листа, Горан Ракиќ и потпретседателот Игор Симиќ, како и поранешниот градоначалник на Северна Митровица, Милан Радојевиќ. Тие од претставниците на КФОР побараа косовската полиција да ги повлече специјалните единици од оваа област и порачаа дека барањето на тамошните Срби е новиот градоначалник на оваа општина Илир Пеци да не влегува во општинската зграда

Локалните Срби од општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток на северот на Косово повторно се обидоа да ги спречат новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април кои ги бојкотираше локалното српско население, да влезат во општинските згради при што полицијата употреби солзавец. Тие на разглас пуштаат народна музика и на оклопните полициски возила ставаат српски знамиња. Два кордони, еден од полицијата и еден од КФОР ги обезбедуваат објектите, а како што пренесе Коссев.инфо, ситуацијата е смирена, но сè уште тензична.

Во Звечан дојдоа и лидерите на Српската листа, Горан Ракиќ и потпретседателот Игор Симиќ, како и поранешниот градоначалник на Северна Митровица, Милан Радојевиќ. Тие од претставниците на КФОР побараа косовската полиција да ги повлече специјалните единици од оваа област и порачаа дека барањето на тамошните Срби е новиот градоначалник на оваа општина Илир Пеци да не влегува во општинската зграда.

Вчера, косовскиот премиер Аљбин Курти рече дека за овие актуелни прашања разговарал со високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

„Нагласив дека избраните градоначалници ќе даваат услуги за сите граѓани. Важно е да се интензивира дијалогот за целосно спроведување на Основниот договор“,  рече Курти.

Тој додаде дека ја разбира загриженоста на меѓународните партнери, но истакна дека „секоја друга опција би била неисполнување на уставните обврски“.

Тензиите во овие општини во кои живеат мнозинство Срби започнаа во петокот, на истиот ден кога српскиот претседател Александар Вучиќ организираше контрапротест во Белград. Тој ден новите градоначалници, избрани на вонредните локални избори кои беа бојкотирани од српското население, влегоа во општинските згради.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најавени нови протести во Нови Сад: Рацете ви се крвави

Најавени нови протести во Нови Сад: Рацете ви се крвави

„Рацете ви се крвави“ – оваа порака од протестите во Белград по уривањето на настрешницата …