Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Заев и Јанев имаа телефонски разговор - Дијалогот носи решенија

Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Заев и Јанев имаа телефонски разговор – Дијалогот носи решенија

Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, имаше телефонски разговор со новиот бугарски премиер Стефан Јанев.

Премиерот Заев му го честита изборот за претседател на службената Влада на Република Бугарија и му посака плодна и успешна работа.

Политичките лидери од двете страни имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори, беше заклучено при разговорот.

Двајцата премиери разговара за вкупните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на потребата за вложување на сите напори за разговори и за взаемно прифатливи решенија.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …