Премиерот Ковачевски во официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија

Премиерот Ковачевски во официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски е во официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија, на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски, се и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на официјалната посета која започнува на 28 јуни (среда), во седиштето на Владата на Сојузна Република Германија е предвиден официјален пречек со државни почести, средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција на премиерите, како и работна билатерална средба и вечера на двете официјалните делегации.

Главниот фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Дополнително, теми на разговор ќе бидат и германската поддршка на македонскиот евро-интеграциски пат, реформскиот процес насочен кон исполнување на стандардите на ЕУ и други актуелни прашања од регионален и европски безбедносен аспект.

Во рамки на официјалната посета, премиерот Ковачевски ќе учествува на експертска дискусија во организација на фондацијата Фридрих Еберт (Friedrich Ebert Stiftung) и ќе има средба со претставници на здруженија на македонски иселеници во Берлин.

За време на посетата на Берлин, премиерот Ковачевски ќе има работна средба и со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …