Шолц

Премиерот Ковачевски во сабота ќе го пречека канцеларот на Германија, Олаф Шолц

Во сабота на 11 јуни, претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе го пречека канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц, кој ќе пристигне во еднодневна официјална посета на нашата земја.

Според агендата за посетата, официјалниот пречек на платото пред Владата е во 8:30 часот, а потоа следува билатерален состанок на двете делегации.

Програмата за посета предвидува и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, во 9:45 часот.

Прочитајте повеќе

Сточарите стравуваат од „див трансфер“ на сипаници кај овците и нови забрани за извоз

Сточарите стравуваат од „див трансфер“ на сипаници кај овците и нови забрани за извоз

Сточарите стравуваат од загуби и очекуваат обештетување од државата, откако два пати во јануари и …