Премиерот Заев во работна посета на СР Германија, каде ќе ја добие награда за човекови права за 2020 година

Премиерот Заев во работна посета на СР Германија, каде ќе ја добие награда за човекови права за 2020 година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска ќе престојува во работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија, по повод доделување на награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).

Церемонијата ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија, Михаел Рот.

Покрај ова, премиерот Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе има и работни средби со министерот за надворешни работи на СР Германија, Михаел Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …