Пресуда за Таргет-Тврдина: Мијалков осуден на 12 години затвор, Јанкуловска на 4 години

Пресуда за Таргет-Тврдина: Мијалков осуден на 12 години затвор, Јанкуловска на 4 години

За злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и примање награда за противзаконито дејание, на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска му беше досудена затворска казна од 12 години во случајот Таргет-Тврдина кој се однесува на незаконското прислушување на 20.000 граѓани од 2008 до 2015 година во време на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ. На Мијалков во затворската казна му се засметува и времето поминато во притвор и куќен притвор за време на судскиот процес.

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска судот ѝ пресуди казна затвор од 4 години за злоупотреба на службена положба и овластување. Никола Бошкоски и Горан Грујевски добија единствена казна затвор од по 15 години. Тони Јакимовски е осуден на казна затвор од 6 години. На Надица Николиќ и е изречена казна затвор од 3 години.

Другите пет вработени во УБК се осудени на условна затворска казна од 2 години, која нема да ја отслужат под услов да не сторат ново кривично дело во рок од 5 години. Судот цени дека овие обвинети лица работеле во пониските структури и работеле според хиерархиската поставеност.

Судот воедно пресуди обвинетите лица солидарно да ја надоместат штетата предизвикана од уништувањето на опремата за прислушкување на УБК во вредност од над 87 милиони денари, и тоа во рок од 3 месеци.

Одлуката ја донесе донесе петчлениот судечкиот совет во состав од Џенета Бектовиќ како прв судија, Владимир Туфегџиќ како втор и тројца поротници.

Пресудата е првостепена и странките (обвинителството и одбраната) имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Во судскиот процес биле сослушани 123 сведоци, биле поднесени 887 материјални докази и биле организирани 5 вештачења.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Во Хрватска денеска (17 април) се одржуваат редовни парламентарни избори на кои право на глас …