Претреси во „Идризово“: Дрога, ножеви и мобилни телефони зад решетките, Тупанчевски бара одговорност

Претреси во „Идризово“: Дрога, ножеви и мобилни телефони зад решетките, Тупанчевски бара одговорност

И Комитетот за превенција од тортура кој неодамна ја посети земјата, изнел забелешки за условите и за кадарот во затворите.

Претресите во најголемиот затвор во Северна Македонија открија дрога, ножеви и мобилни телефони зад решетките. Проверки со наредба на обвинител се извршени во 25 ќелии во затворот „Идризово“, а претресите ќе продолжат и во иднина.

„Никој нема да биде поштеден од одговорност по спроведената координирана акција на повеќе институции во Казнено поправната установа-КПУ „Идризово““, порача министерот за правда, Никола Тупанчевски.

Во акцијата во вторникот изутрина (14.06) се пронајдени поголема сума на пари, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога, таблети и други предмети. Министерот најави дека координирани акции во казнено поправните установи ќе има и во наредниот период и секое именувано лице ќе сноси одговорност доколку стори кривично дело за злоупотреба на службената положба.

Според директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, извршен е неселективен претрес во повеќе одделенија во 25 простори на затворот и дека се уште постојат индиции дека има мобилни телефони. „Ние редовно вршиме претреси на одредени ќелии, меѓутоа станува збор за најголем затвор и не е можно во една акција да бидат опфатени сите ќелии“, вели Спасовски.

Критики 

Министерот за правда информираше и за неодамнешната посета на Комитетот за борба против тортура во затворите, кој има забелешки дека дел од раководните лица во затворите не ги исполнуваат условите за извршување на функцијата.  недостатоците.

„Забелешката беше прифатена и Министерството за правда заедно со другите останатите институции коишто се надлежни за имплементација на таа сугестија, веќе почнуваме да ги отстрануваме недостатоците коишто претставуваат непочитување на некоја одредба од позитивните законски прописи“, вели Тупанчевски.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас

Меѓународниот кривичен суд ги обвинува лидерите на Израел и Хамас за воени злосторства и злосторства …