Претседателката на Харвард, Клодин Геј, поднесе оставка, објави денес студентскиот весник Харвард Кримсон, откако таа и другите претседатели на училиштата на Ајви Лига беа критикувани за нивното сведочење во Конгресот за антисемитизмот на кампусот.
Мандатот на Геј беше најкраткиот во историјата на Харвард, пишува весникот, кој следеше по зголемениот притисок за нејзина оставка минатиот месец, откако претседателката на Универзитетот во Пенсилванија, Лиз Магил, поднесе оставка.
Сали Корнблут од технолошкиот институт во Масачусетс, сведочеше пред комисијата на Претставничкиот дом на САД на 5-ти декември за порастот на антисемитизмот во универзитетските кампуси по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас во октомври.
Тројката одби да даде дефинитивен одговор со „да“ или „не“ на прашањето на републиканската претставничка Елисе Стефаник дали повикувањето на геноцид врз Евреите ќе ги прекрши кодексите на однесување на нивните училишта во врска со малтретирањето, велејќи дека мора да биде избалансиран со заштита на слободниот говор.
Повеќе од 70 американски пратеници потпишаа писмо во кое бараат управните одбори на трите универзитети да ги сменат претседателите, наведувајќи го незадоволството од нивното сведочење.
Сепак, Геј доби поддршка од некои нејзини колеги на Харвард. Неколку стотици членови на факултетот минатиот месец потпишаа петиција со која бараат од училишните администратори да не се подложуваат на политички притисок да ја отпуштат претседателката на училиштето поради нејзиното сведочење.
Геј се соочува и со обвинувања за плагијат. Таа планираше да поднесе три корекции на нејзината дисертација од 1997 година, откако комисијата која ги истражуваше наводите за плагијат против неа, откри дека направила грешки во цитирањето, рече портпаролот на универзитетот.
Извор: VOA