Претседателот Пендаровски ги одликуваше со Орден за заслуги членовите на „Леб и сол“ Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гарабет Тавитјан

Претседателот Пендаровски ги одликуваше со Орден за заслуги членовите на „Леб и сол“ Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гарабет Тавитјан

Претседателот Стево Пендаровски, синоќа на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот со „Орден за заслуги за Република Северна Македонија“ ги одликуваше Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан за извонредното, автохтоно и уникатно музичко творештво во рамките на џез-рок групата „Леб и сол“, како нејзини предводници, со којашто оставија трајни вредности во современата македонска музика и придонесоа за афирмација на македонската музичка уметност и на македонската култура во светот, како и за нивните значајни солистички постигнувања.

На церемонијата на доделување на медалите, во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека музиката, опусот, животното дело на Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гарабет Тавитјан се национално наследство кое е одамна впишано во културната и социјалната ДНК на нашата држава, на македонскиот народ и на сите наши граѓани.

„Вашата музика, драги лауреати, во дамарите на македонската душа има митски димензии, затоа што претставува културно наследство со кое се идентификуваа и растеа и сѐ уште растат и живеат генерации Македонци“, рече претседателот Пендаровски, додавајќи дека „последниве години, испровоцирани од оние кои не се сигурни за сопствениот идентитет, многу време залудно трошиме во дебати за националниот идентитет на нас, Македонците, иако тој е заокружен од дамнешни времиња“.

Прочитајте повеќе

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

Прес-конференција na Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Почитувани граѓани, Нашето општество се соочува со исклучително …