Претседателот Пендаровски го прими Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Претседателот Пендаровски го прими Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

На средбата се разговараше за стабилноста на македонскиот електроенергетски систем и предизвиците со кои се соочуваме, како и за владината уредба за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор.  

Во таа насока, Бислимоски го информираше претседателот Пендаровски за активностите што се преземаат и предвидените мерки во иднина, за капацитетите на домашното производство, како и за правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности.

Претседателот Пендаровски посочи дека е неопходно да се преземат сите мерки со цел успешно справување со предизвиците наметнати од глобалната енергетска криза, санирање на енергетскиот сектор и потребите на пазарот, како и соработка меѓу државните институции и компаниите од енрегетскиот сектор, рече претседателот Пендаровски на средбата со Бислимовски.

Одлуката за прогласување на кризна состојба според Претседателот е нужна, со цел поефикасно спроведување на мерките и справување со предизвиците од енергетската криза.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија