Претседателот Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Претседателот Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Утре, понеделник 23 јануари 2023 година со почеток во 15:00 часот, во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 18-та седница на Советот за безбедност.

На дневен ред на редовната седница на Советот за безбедност ќе биде безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Прочитајте повеќе

артан груби притвор

Истекува куќниот притвор за Артан Груби: Правдата пред нов тест за неказнивост

Наближувањето на рокот за истекување на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер и висок …