Прилеп: Новата учебна година за учениците од ООУ „Добре Јованоски“ започна во реновирани училници, со нови табли и телевизори

Прилеп: Новата учебна година за учениците од ООУ „Добре Јованоски“ започна во реновирани училници, со нови табли и телевизори

Вкупно 1.230 ученици од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, од кои 182 првачиња, новата учебна 2019/2020 година ја започнаа во реновирани училници.

Тоа на денешната прес конференција го изјави директорката на ООУ „Добре Јованоски“, Сузана Дарковска која потенцираше дека средствата за реконструктивните зафати биле обезбедени од буџетот на Општина Прилеп.

„Во училиштето се променети подовите во училниците и ходниците, а сменети се и вратите во училниците од првиот кат, инвестиција вредна 2.310.000,00 денари. Паралелно, опремена е и училница за продолжен престој, проект во висина од 323.000,00 денари. Целта на дневниот престој е да им се излезе во пресрет на родителите, кои на овој начин ќе можат да ги згрижат своите деца во моментите додека се на работните места. Во насока на подобрување на наставата и на воспитно-образовниот процес, сите училници се снабдени со 26 големи бели табли, 11 телевизори и други наставни средства и помагала за одделенска и предметна настава. За таа цел, потрошени се 500.000,00 денари, а во тек е постапката за набавка на нови клупи и столици“, истакна Дарковска.

Дарковска напомена дека училиштето посветува внимание и на дополнителната едукација на наставниот кадар, а во соработка со локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски, ќе бидат реализирани уште неколку инфраструктурни проекти за кои е веќе изработена предмер пресметка.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …