Прилеп: СДСМ и Коалицијата побараа вонредна седница на општинскиот Совет за доделување помош за настраданите од земјотресот во Турција

Прилеп: СДСМ и Коалицијата побараа вонредна седница на општинскиот Совет за доделување помош за настраданите од земјотресот во Турција

Советничката група на СДСМ и Коалицијата, побара одржување вонредна седница на Советот на општина Прилеп, со цел носење Одлука за доделување хуманитарна помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.

Во барањето доставено до претседателот на Советот на општина Прилеп се вели:

„Врз основа на чл.25 од Статутот на Општина Прилеп, советничката група на СДСМ и Коалицијата денеска, 07.02.2023 година, до претседателот на Совет на општина Прилеп поднесе барање за свикување вонредна седница, со една точка на дневниот ред: Носење Одлука за давање хуманитарна помош на настраданите граѓани во катастрофалниот земјотрес во Република Турција.

Бараме вонредната седница на општинскиот Совет да се одржи утре, среда 08.02.2023 година, со цел помошта до настраданите да стигне што поскоро.

Општина Прилеп е збратимена со две Општини од Република Турција, Тире и Бакиркој. Поради тоа, сметаме дека нашата општина треба да биде меѓу првите која ќе испрати хуманитарна помош до настраданите подрачја и дека носењето ваква Одлука е издржана и оправдана.“

Прилеп: СДСМ и Коалицијата побараа вонредна седница на општинскиот Совет за доделување помош за настраданите од земјотресот во Турција

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …