Признание од Џудо федерацијата, за јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Признание од Џудо федерацијата, за јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Вчера, во службените простории на јапонската амбасада, се одржа пригодна церемонија на која Џудо федерацијата на Р.С. Македонија на амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Кеико Ханеда, и’ додели награда, почесен Црн појас 1 дан. Во име на федерацијата, плакетата и црниот појас со посвета, ја предаде делегација предводена од претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски. Во име на Џудо федерацијата, тие и’ се заблагодарија на јапонската амбасадорка за нејзината лична ангажираност и посветеност во развивањето на Џудо спортот во Р.С. Македонија во изминатите четири години.

Н.Е. Кеико Ханеда, изрази голема благодарност на признанието и се заложи во иднина, како почесен член на џудото во Македонија, да продолжи со активностите за соработка на џудистите од Македонија и Јапонија. Амбасадорката Ханеда истакна дека, во изминатите години во нејзиниот ангажма, секогаш го поддржувала секој спорт кој ќе го развива духот и здравјето на граѓаните. Исто така, таа изрази огромно задоволство за можниот настап на македонските џудисти на претстојните Олимписки игри во Токио и можноста за негово омасовување и развој во наредниот период.

Истовремено, развивањето и омасовувањето на џудо спортот е приоритет на Џудо федерацијата, која во предходниот период го стабилизира своето и работењето на џудо клубовите. Преку активностите за константен напредок и помош на клубовите, главна цел во наредниот период е да се задржи и зголеми бројот на џудоки. Потребно е овој благороден спорт да се доближи до секое дете, преку негово изучување и тренинг во училиштата. Заложба е и на Меѓународната џудо федерација, овој спорт да се подигне во рамките кои ги заслужува, преку финансиска поддршка во најмалку 10 училишта во нашата држава.

Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на џудо спортот преку материјална подршка во опрема и можност за обука на џудоки во Јапонија. Исто така, на средбата со амбасадорката Ханеда беше разговарано за следните активности на започнатиот проект за донација на спортска опрема од страна на Јапонија, наменета за Џудо федерацијата на Р.С. Македонија.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …