предупредувачки протести на вработените во МИА

Продолжуваат предупредувачките протести на вработените во МИА

Вработените во МИА најавија дека по неповолниот раст на настаните, одново ќе ги разгледаат другите форми на реакција односно преминување на протестот во нова фаза

И денеска за време на паузата, вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) по петти пат излегоа на предупредувачки протест пред просториите на Агенцијата.

Тие и денеска ги повторија барањата за зголемување на платите и порамнување на трошоците за живот, откако овие барања не се најдоа на дневен ред на владината седница што се одржа во вторникот.

Вработените во МИА најавија дека по неповолниот раст на настаните, одново ќе ги разгледаат другите форми на реакција односно преминување на протестот во нова фаза што би можело да претпоставува и прекин на определен период на дистрибуција на вести, информираше Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

„Самостојниот синдикат на новинари и медиумска работници од почеток ги поддржува колегите во МИА бидејќи оценува дека нивните барање се сосема реални и предупредува дека Агенцијата има исклучително важна улога во целокупното медиумско информирање во земјава“, велат од ССНМ.

Од Синдикатот додаваат оти новинарите и медиумските работници во Агенцијата очекуваат оти за брзо време ќе се изнајде решение, со што не би имало дополнителни импликации на целиот медиумски простор во Македонија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да укине над 130 државни институции за да го исполни …