Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Денеска ќе преовладува прoменливо облачно и нестабилно време, со повремен пороен дожд и грмежи. Локално, особено попладне ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе се движи помеѓу 25 и 36 степени Целзиусови, а УВ=6.

Ваквото време ќе се задржи до средината на следната седмица, до кога подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Температурите значително ќе се намалат.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …