Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен. Дневната температура ќе се движи од 18 до 28 степени Целзиусови.
