На 14ти септември пронајдени се знаци на живот во облаците на Венера велат Њујорк Тајмс (NYTimes) и Национална Географија (National Geographic). До ова откритие е дојдено откако се пронајдени траги од токсичниот гас фосфин, а за овој гас е откриено дека може да биде создаден само од некое живо суштество. Порано годинава научниците тврдеа дека пронаоѓање на ваква хемикалија би сугерирало дека постои некаков живот надвор од оваа планета и предложија идните телескопи да бараат траги од такви хемикалии.

„Бев избезумена секако. Претпоставував дека станува збор за некаква грешка, но се надевав дека не е“ – вели еден од истражувачите на институтот за технологија во Масачусетс (MIT). Ова сѐ уште е хипотеза што допрва треба да се потврди, а целосното истражување со сите мерења можете да го прочитате овде.

Извор:МЕТА