знм сснм

Протест на ЗНМ и ССНМ поради срамната пресуда против новинарите на ИРЛ

Протестот ќе почне на платото пред Младинскиот културен центар во 10:40 часот, а ќе продолжи пред Граѓанскиот суд

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) утре (петок, 17 ноември), со почеток од 11 часот, ќе организираат протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, за да реагираат против срамната пресуда против новинарите на ИРЛ, во чие писмено образложение е наведена поука дека Министерството за правда може на ИРЛ да ѝ изрече и забрана за работа.

Протест Знм ССНМ„Да го кренеме гласот против судската пракса воведена со пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија со која судот си додели улога да одредува кој смее, а кој не смее да биде новинар. Судот нема право да утврдува кои онлајн медиуми и граѓански организации смеат да се бават со новинарство“, наведуваат од ЗНМ и ССНМ.Протестот ќе почне на платото пред Младинскиот културен центар во 10:40 часот, а ќе продолжи пред Граѓанскиот суд. Од ЗНМ веќе реагираа дека во писменото образложение на пресудата за сторијата „Заговор против воздухот“ на ИРЛ се користат низа на проблематични квалификации кои се граничат со цензура и закани за затворање на медиумот.

Судијата Јованка Спировска Панева, која одлучуваше во случајот „Фероинвест против ИРЛ“, во образложението од пресудата го спори статусот на новинарите во ИРЛ и тврди дека ИРЛ не е медиум, односно ИРЛ не е здружение за новинарски известувања.

„ИРЛ нема ниту својство на медиум, како средство за јавно информирање според Закон за медиуми, a членовите на истото немаат својство на новинари, ниту можат, заради известување на јавноста да прават новинарски обликувани емисии, да се претставуваат како новинари или да се бават со жанрот истражувачко новинарство и сето тоа да го објавуваат преку средствата за јавно информирање“, алармираа од ЗНМ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …