Првиот рурален е-пазар „Наша тезга“ пример за успех на здружени жени

Првиот рурален е-пазар „Наша тезга“ пример за успех на здружени жени

Жените од Руралната Коалиција ја лансираа првата онлајн платфотма преку која со само неколку кликови може да се купат овошја, зеленчуци, мед, лешници па дури и вкусно приготвени традиционални специјалитети, рачни изработки и природна козметика.

Виртуелните тезги на првиот рурален женски е-пазар „Наша тезга“ се спој на традицијата на нашето домашно производство со модерниот начин на живот на потрошувачите и растот на навиките за онлајн купување. Исто така, покрај тоа што оваа платформа го олеснува купувањето директно придонесува за унапредување на социјално-економската положба на жените од руралните средини.

Првиот рурален е-пазар „Наша тезга“ пример за успех на здружени жени
Фото: Наша тезга

За разлика од многу онлајн платформи за продажба на интернет на кои не знаеме од кого купуваме, при секое пазарување на здрави земјоделски производи и преработки коишто треба да ја полнат трпезата на секој од нас купувачите преку „Наша тезга“ имаат можност виртуелно да се запознаат со животните приказни на секоја од жените што ги продаваат своите производи.

Учесничките на презентацијата на е-пазарот „Наша тезга“ посочија дека околу 84 проценти од жените во руралните средини за време на пандемијата на коронавирусот се соочиле со намалување на нивните економски приходи од земјоделие, а нивните производи и понатаму остануваат непродадени.

Податоците на Рурална Коалиција покажуваат дека повеќе од половина, односно 54 отсто од овие жени немаат пристап до информации за можностите и финансиската поддршка што им се нуди, а работат по 11 часа на ден, работа што не е евидентирана и платена.

„Првиот женски рурален е-пазар којшто е изграден врз основа на меѓусекторски партнерства што пак значи дека ваквиот пазар е граден низ заедничка соработка на бизнис заедницата, дарителската заедница, индивидуалните граѓани и институциите“, рекоа членките на платформата.

Поради својата инклузивност е-пазарот се смета и за еден од успешните примери и во регионот на Западен Балкан. Затоа не беше ни изненадување што само за неколку минути за време на промоцијата жените земјоделки успеаја да продадат дури и повеќе од предвидените промотивни пакети со земјоделски производи и вкусни зимници, спакувани со љубов во еколошки торбички, а предизвика и желба за волотирање.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …