Првото бебе родено во Новата 2020 година во Прилеп е машко

Првото бебе родено во Новата 2020 година во Прилеп е машко

На неполни три часа од почетокот на Новата 2020 година, во одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, се роди машко бебе.

За мајката Весна Стојкоска ова е трето дете, сите три машки.

„Ова ми е трето дете, машко. И другите две се машки. Многу сум задоволна од персоналот, од целата екипа. Бебето е добро, породувањето помина во најдобар ред“, истакна Стојкоска.

Честитајќи им ги на своите сограѓани Новогодишните и Божикните празници, д-р Изабела Чочева-Талеска рече дека само десетина минути после раѓањето на првото бебе, во прилепската болница се роди уште едно бебе, исто така машко.

„Ова утро ние сме побогати за две бебиња, живи машки деца спонтано породени. Двете се со иста телесна тежиина, 3.630 грама. И мајките и бебињата се во одлична кондиција. Новата година посакувам да биде успешна, со уште повеќе бебиња“, изјави д-р Чочева-Талеска.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски утринава ја посети болницата „Борка Талески“. Во име на Општина Прилеп, градоначалникот Јованоски на првороденото бебе и неговата мајка им врачи подароци и парични средства. На останатите родилки во одделението за гинекологија и акушерство, како и на вработените во прилепската болница им ја честиташе Новата 2020 година, посакувајќи им во неа многу здравје, среќа, радост и успех.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …