операција на колено со помош на робот

Првпат во јавното здравство во земјава е изведена операција на колено со помош на робот

Операцијата која, како што кажа директорот на Клиниката д-р Александар Трајановски, траела еден час, била направена на 70-годишна жена со асистенција на позајмен робот, а ја извеле хирурзи од ТОУРАЛЕЦ и хирурзи од клиника во Лариса во Грција

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОУРАЛЕЦ) првпат во јавното здравство во земјава, со асистенција на робот успешно е изведена операција на колено.

Операцијата која, како што кажа директорот на Клиниката д-р Александар Трајановски, траела еден час, била направена на 70-годишна жена со асистенција на позајмен робот, а ја извеле хирурзи од ТОУРАЛЕЦ и хирурзи од клиника во Лариса во Грција.

„Со огромно задоволство можам да кажам дека испишуваме историја на Клиниката за ортопедски болести. Направена е прва операција со асистенција на робот, што не е мала работа за мала држава како што е нашата, да сме рамо до рамо со сите светски клиники и сите европски и светски стандарди“, рече Трајановски на денешната заедничка прес конференција и истакна дека на клиниката и понатаму ќе продолжи имплантирањето на тотални протези со оваа нова процедура која овозможува преку асистенција на робот да се минимализира каква било можност за компликација.

Тој посочи дека секогаш е предизвик да се воведе нова метода во лекувањето на пациентите.

„Бенефитот од ова ќе го имаат нашите пациенти и тоа е она што е најважно за нас. Мило ми е што последниве години ја издигнавме ортопедијата на едно повисоко ниво со воведувањето на сите овие новини во хирургијата и со вклучувањето во трансплантацијата. За мене како лекар и како директор ова е особено задоволство“, изјави Трајановски.

Тој изрази надеж дека со консултации и договор со Министерството за здравство ќе најдат решение да се намали големата листа на чекање термини за интервенции.

Министерот за здравство Фатмир Меџити посочи дека министерството во иднина ќе се залага за набавување на ваков робот, но дека сепак треба да се земе предвид и буџетот.

„Како министер сакам да ја истакнам мојата заложба за што побрзо приближување на реформската агенда, а во исто време барајќи можности за иницирање на промени кои ќе имаат непосредно влијание  врз пациентите, нивните семејства и здравствените работници“, Меџити.

Грчките доктори оценија дека роботиката е иднината и дека ова е голем чекор за нашата држава.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Седумнаесет припадници на затворската полиција се уапсени во голема полициска акција, информираат од Обвинителството за …