Ковачевски

Ковачевски: Северна Македонија е фактор на стабилност и регионален лидер во енергетската транзиција

Почитувани,

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, го заврши вториот Самит на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија, со прес-конференција за медиумите.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот:

„ Почитувани медиуми и граѓани,

Денеска на Самитот на Европската политичка заедница имавме продуктивен ден можам да кажам.

Заедно со уште 46 други лидери на држави од Европа, донесовме заклучоци кои ќе ни послужат како патоказ до следниот Самит кој што ќе се одржи Шпанија оваа година .

Драго ми е што имав можност да се сретнам со пријателите и поддржувачи на нашата евроинтеграција, како што е председателката на Еворпскиот парламент Роберта Мецола, која упати силна и јасна поддршка за продолжувањето по нашиот европски пат и одлуките кои што треба да ги донесеме во наредниот период со цел отворање на поглавјата и кластерите во рамки на преговорите со ЕУ.

Пораки на поддршка дојдоа и од други лидери пред се членки на ЕУ со кои што имав можност денес да се сретнам а на што можевте и вие да бидете сведоци, од францускиот претседател со кого што се видовме и вчера, имавме средба вчера во Братислава, германскиот канцелар, претседателката на ЕК со која исто така и вчера се видовме и имавме средба во Братислава, исто така и со потпретседателот на ЕК Борел и со други претседатели и премиери на држави.

Имав и многу значајна средба со претседателот на Украина господинот Зеленски, на неа разговаравме за поддршката и тој се заблагодари навистина за поддршката која што македонскиот народ и македонската држава ја дадоа на државата Украина, на јасната поддршка која што ја даваме на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина како и на поддршката во донации која што ја дадовме на граѓаните и на Украина во овие тешки навистина месеци, веќе и над една година за нив после руската инвазија врз Украина.

Имав билатерална средба и со претседателот на Молдавија, со премиерот на Молдација господинот Речан на која што ја искажав нашата поддршка и му дадов практично пријателска рака за сите оние реформи кои што треба да ги прават а кои што ние веќе ги имаме направено и тој се заблагодари за поддршката која што ја доби од нашиот Секретаријат за европски прашања во делот на подготвувањето на нивниот патоказ за визната либерализација на Молдавија со ЕУ, бидејќи на Молдавија и помагаа практично наши колеги од Северна Македонија бидејќи ние тој пат веќе го имавме изодено, како што нас ни помагаа хрватски и словенечки колеги кога ние тоа го правевме.

Главниот фокус на Самитот беа три теми: заедничките напори за мир и безбедност, енергетската отпорност и климатска акција, и меѓусебните врски во Европа за подобро поврзан континент.

И уште едма тема проширувањето на ЕУ која што исто така беше предмет на разговорите на работниот дел од самитот каде што уште еднаш беше искажана јасната подготвеност на ЕУ за отворена врата кон нови земји членки за приклучување кон ЕУ, тука пред се се мисли на нас и Албанија кои што треба да ги почнеме отворањата на поглавјата по завршување на скрининг процесот, исто така беше уште еднаш искажана подготвеноста и поддршката за носењето на одлуките кои што треба да ги донесеме ние како наш дел во преговарачката рамка и беше искажана цврстата подготвеност на ЕУ и на ЕС претставувана преку претседателот на ЕЈ Шарл Мишел дека ЕУ ќе го исполни својот дел од преговарачката рамка а тоа е безусловно отворање на вториот дел од преговорите после скрининг процесот а тоа се поглавјата и кластерите во делот на сите посебни поглавја кои што се однесуваат на пристапување кон ЕУ.

Во делот на посебните работни групи јас учествував со вицепремиерот Фатмир Битиќи на темата енергетика и поврзување и тоа пред се енергетско поврзување, телекомуникациско поврзување и поврзување во делот на науката и истражувањето помеѓу земјите од Европа со цел побрза и поголема мобилност на кадрите и држваите вклучително и медиумите што е исто така интересно за вас како медиуми тоа ќе биде една од темите кои што ќе се разработуваат на соработка помеѓу земјите членки на ЕУ и земјите кои што не се членки на ЕУ а се дел од Еврипа.

Ги споделивме нашите активности и нашите практики кои што ги спроведовме и направивме во текот на изминатиот период и со кои мерки се справивме со енергетската криза, но и чекорите кои што ни донесоа енергетска диверзификација на државата.

Еден од таквите чекори е Договорот за интерконекторот со Бугарија, со кој се зголеми постојниот капацитет на единствениот интерконектор кој што го имаме и со тоа овозможивме достапност освен на руски гас државата да може да има и на гас од САД, Алжир и Азербеџан, исто така беше навистина истакната Северна Македонија како позитивен пример на држава која што за само една година успеа да инсталира и стави во употреба над 200 мегавати обновливи извори на енергија инсталиран капацитет кој што е веќе во употреба, кој што се состоти од фотоволтаици, био гас, ветерни централи и тн, и дека успеавме увозната зависност од 35% да ја намалиме за 50% во текот на минатата година и во текот на оваа зима.

Ги кажавме нашите планови во делот на обновливите извори на енергија, стратешките инвестиции кои што се подготвуваат и на кои што работи кабинтетот на вицепремиерот Битиќи заедно со другите економски ресори а кои што се работат заедно со најголеми корпорации од Франција, Германија и Грција, и исто така разговаравме в о детали за интерконекторот кој што веќе е во практично фаза на проектирање со Грција кој што интерконектор ќе биде со максимален капацитет, интерконектор кој што ќе поминува преко Евзони, меѓутоа интерконектор за кој што веќе се работи на проектна документација за Србија и понатаму од Србија до централно европските држави и западно европските држави.

Разговаравме и за тоа дека овој интерконектор ќе има можност и за транспорт на хидроген, бидејќи една од целите која што ќе биде постигната во следниот период е и зголемување на производството на хидроген во часовите кога има вишоци на електрична енергија при зголемено производство на обновливи извори на енергија и сето тоа ќе биде правено заедно со нашите европски парнери и финансирано од страна на европските и на светските финансиски институции.

Северна Македонија и тука беше признаена како фактор на стабилност, беше истакната нашата навистина позитивна улога и како претседавачи на ОБСЕ и како земја во која што се депонирани договорите од Берлинскиот процес.

Ни се заблагодарија за тоа што бевме домаќини на разговорите помеѓу Србија и Косово, исто така и на таа тема се разговараше каде што сите премиери и претседатели од регионот истакнавме дека сите земји треба да се придржуваат до потпишаните договори исто како што ние се придржуваме со Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство и преговарачката рамка со ЕУ, а беше истакнато дека и другите држави во регионот треба да се придржуваат кон договорите и да работат на имплементација на договорите со што ќе имаме траен мир на Балканот и ќе имаме успешна интеграција во ЕУ на сите земји во регионот во догледно време.

Бидејќи ако погледнете во моментов ЕУ има две граници, едната е надворешната граница а тоа е границата со земјите од Западен Балкан, навистина во моментов, навистина во моментов постои отворена врата, постои како никогаш до сега волја во овој геополкитички момент и подготвеност од страна на земјите членки на ЕУ за проширување бидејќи процесот на проширување веќе не се смета како потреба на земјите кандидати туку се смета како заедничка потреба и на земјите кандидати и на самата ЕУ бидејќи ЕУ без Западен Балкан не е комплетна во целост.

На крај можам да сумирам дека се работеше за исклучително добро организиран самит од страна на владата на Молдација и претседателката на Молдавија, имаше одлична дискусија, конструктивна дискусија, многу работа која што не чека сите заедно кон следниот самит кој што ќе се одржи во Шпанија и навистина одличен ден Молдавија и уште еднаш им се заглагодарувам на домаќините и им пренесувам на нашите граѓани дека можат да бидат горди на тоа што навистина Северна Македонија беше овде поздравена како позитивен пример во сите аспекти за кои што се разговараше, од енергетската транзиција, стабилност, одржувањето на цените на ниво кое што не дозволи ценовен шок, успешно справување со енергетската криза, успешно водење на билатерланиот скрининг и она што е пред нас е носњето на одлуките во собранието кој што ќе обезбедат да ги отвориме поглавјата во текот на оваа и во текот на идната година, и како што зададовме цел самите на себе до 2030 да станеме земја членка на ЕУ.“

Прочитајте повеќе

МТФ „Војдан Чернодрински“:„Црна дупка“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица најдобра претстава, седум награди за „Иванов“ на МНТ

МТФ „Војдан Чернодрински“:„Црна дупка“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица најдобра претстава, седум награди за „Иванов“ на МНТ

Претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на Театарот „Антон Панов“ од Струмица ја …