Илон Маск

Илон Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Маск во изминативе години доживеа неверојатен раст на своето финансиско конто благодарејќи на рапидниот раст на производителот на електрични автомобили Тесла

Извршниот директор на Тесла Илон Маск ја зазеде титулата на најбогат човек во светот, пишува Си-Ен-Ен. Неговото конто сега тежи 192 милијарди американски долари, според индексот на милијардери што го објави Блумберг. Богатството на Маск во средата ја надмина акумулираната нето вредност на Бернард Арно, кој сега тежи 187 милијарди долари.

Овие двајца милијардери веќе подолг период се натпреваруваат за титулата најбогат човек на планетата. Па така, Арно го надмина Маск според богатството во декември минатата година.

Сепак, Маск во изминативе години доживеа неверојатен раст на своето финансиско конто благодарејќи на рапидниот раст на производителот на електрични автомобили Тесла. Истовремено, Маск е извршен директор на СпејсИкс, како и сопственик на Твитер.

Инаку, богатството на неговиот соперник Арно се намали оваа недела по падот на акциите на неговата ЛВМХ за 2,6 отсто во париското тргување на берзата во средата. Падот на акциите ја турна големината на богатството на Арно надолу и за возврат му помогна на Маск да ја врати својата позиција на најбогат човек во светот. Имаше момент во тргувањето, кога нестабилноста на пазарот збриша дури 11 милијарди долари од нето вредноста на 74-годишниот Арно во еден ден.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …