Работна средба на премиерот Зоран Заев со претседателот на политичката партија Алтернатива и пратеник Африм Гаши

Започна најавената средба помеѓу претседателот на Владата, Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

На средбата која е во насока на проширување на парламентарното мнозинство и можен влез на Алетернатива во Владата, според најавите на Гаши, нема да се разговара за распредел на министерските ресори, туку околу политичките критериуми и концептот на премиерот и другите учесници во Владата за понатамошно дејствување.

Ова е втора средба помеѓу Заев и Гаши. Првата се одржа на 19 декември.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …