Разговор со Ѓорѓи Гешоски, добитник на наградата за животно дело на Општина Прилеп

Разговор со Ѓорѓи Гешоски, добитник на наградата за животно дело на Општина Прилеп

Прво почнав да се занимавам со гимнастика. Се запишав во средно фискултурно училиште во Скопје, па после во Земун.

Во војска бев тренер по атлетика, на сеармиското првенство во Љубљана сите војници кои ги тренирав освоија врвни места.

Си дојдов во Прилеп, со намера пак да се вратам во Словенија. Ама, гледам другарите мои купиле мотори и ги возат најубавите девојчиња во Прилеп. И јас купив мотор, мојата сопруга тогаш учеше средно училиште и си ја возев на мотор. Ми дојде како поубаво овде, оти таму беше тешко да се дружиш со Словенките. Поготово пак војно лице избегаваа како ѓаолот темјан.

Во 1965 година го формиравме атлетскиот клуб „3.Ноември“. Во годините кои следеа имавме големи успеси: учествувавме на Олимпијадата во Сиднеј, на Светско првенство во Пекинг и во Канада, на Европско во Чешка…

Познатиот голман на Победа Истатов, на своите пријателите вака му велеше за мене: „Од овој човек никогаш не станав спортист на Прилеп, оти секогаш вадеше поквалитетни од мене“.

Имав покана да бидам тренер на „Славонија“ од Осиек, ама не заминав заради мајка ми и татко ми.

Планирам уште 16 години да бидам тренер, дури да наполнам 100, па после ќе размислам…

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …