министерство за финансии

Реализирани се 133 проекти за рурална инфраструктура со грант средства од ИПА

Завршени се целосно сите градежни работи финансирани преку ИПА-грантот за рурална инфраструктура, во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии.

„Станува збор за 133 капитални проекти реализирани во 78 општини во земјава, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и решавање на инфраструктурните проблеми.Вкупната вредност на овие проекти изнесува 16,9 милиони евра, од кои 12,7 милиони евра се грант – неповратни средства од Европската унија, додека 4,2 милиони евра се обезбедени од буџетот“, информираат од Министерство за финансии.

Најголем број од реализираните проекти се во изградба и реконструкција на локални патишта, за кои во 58 општини инвестирани се 12,4 милиони евра. Во изградба на јавни објекти инвестирани се 5,9 милиони евра, во комунална инфраструктура 3,8 милиони евра итн.

Голем дел од овие проекти се веќе ставени во употреба, додека дел од нив наскоро официјално ќе се пуштат во употреба. Инаку, грант средствата за развој на рурална инфраструктура се обезбедени од Европската унија на барање на Владата, а истите се администрирани преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …