Регионален форум на Finance Think: Општина Крушево пример за вклучување на граѓаните во работењето

Регионален форум на Finance Think: Општина Крушево пример за вклучување на граѓаните во работењето

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски беше дел од регионалниот форум „Општините и граѓаните: заедно до подобар буџет”, организиран од страна на невладината организација Finance Think, каде Крушево беше посочено како општина која претставува пример во вклучувањето на граѓането во креирањето политика и работата на локалната самоуправа.

„Денешните резултатите на терен, инвестиции, градежни активности, опремување на службите е резултат не само на анализите правени во самата локална самоуправа, туку и по сугестиите правени со граѓаните, секојдневно во градоначалничкиот кабинет, но и на организираните бројни јавни дебати и дискусии организирани. Токму од секојдневната комуникација со граѓаните, произлегоа многу проекти надвор од предизборната програма, од годишната програма на општината и генерално од мојата визија како градоначалник на оваа општина. Такви проекти се набавката на трактор со плуг за снег со поддршка на Амбасадата на Германија, набавка произлезена од една дискусија организиран со Фајненс Тинк, набавка на контејнери, произлезено од работилниците преку проектот за развој на авантуристички туризам, како и она што во моментов го подготвуваме – набавка на 21 контејнер и камион за чистење и метење – метларка и ред други проекти произлезени директно од граѓаните“, рече Христоски во своето обраќање, илустрирајќи го учеството на граѓаните во работата на локалната самоуправа.

На настанот се обратија и директорот на канцеларијата на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалес, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и градоначалниците Борјанчо Мицевски и Александар Наумовски.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …