Русија минирала 200.000 километри квадратни од украинската територија

Русија минирала 200.000 километри квадратни од украинската територија

Украинските сили ги поставуваат предусловите за идните главни напори за пробив на руската одбрана, анализира американскиот Институт за проучување на војната во својата најнова анализа по вчерашната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски во која призна дека контраофанзивата се одвива побавно од посакуваното, пренесува Гардијан.

Американскиот институт додава оти украинските власти долго време сигнализирале дека самата контраофанзива ќе претставува низа од постепени и последователни офанзивни дејствија, а тековните операции не ја претставуваат главната цел на контраофанзивното планирање на Украина.

Во вчерашното интервју за Би-Би-Си, претседателот Зеленски рече дека нема намера да брза со контраофанзивата за да ги исполни западните очекувања.

„Некои луѓе веруваат дека ова е холивудски филм и очекуваат резултати сега. Не е така. Во прашање се човечки животи“, рече украинскиот претседател..

Тој изјави дека контраофанзивата не била лесна, бидејќи 200.000 квадратни километри од украинската територија биле минирани од руските сили.

Инаку, украинските сили го нападнаа мостот што го поврзува Херсонскиот регион со Крим. Тие извршиле ракетен напад врз мостот и успеале да го оштетат, рекле претставници назначени од Русија во двата региона што ги пренесува агенцијата Ројтерс. Сообраќајот е пренасочен по друг правец, а во моментов нема информации за жртви.

Гардијан ја пренесува изјавата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој во вторникот рече дека потенцијалната употреба на ракети од системите Химарс и слична воена опрема против цели на полуостровот Крим ќе го означел „целосното вклучување на Западот во конфликтот и ќе доведе до итни удари врз центрите за одлучување на украинска територија“.

Ваквото предупредување се смета дека значи оти руските сили планираат да ја нападнат украинската претседателска администрација и штабот на украинското разузнавање.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Бум на бизнисот со оружје во светот

Бум на бизнисот со оружје во светот

Приходите од продажба на оружје се зголемени во 2023 ширум светот. Според податоците на Институтот …