Кои македонски политичари се на црната листа на САД?
WASHINGTON, DC - SEPTEMBER 12: A sign stand outside the U.S. State Department September 12, 2012 in Washington, DC. U.S. Ambassador to Libya J. Christopher Stevens and three other Americans were killed in an attack on the U.S. Consulate in Benghazi, Libya. (Photo by Alex Wong/Getty Images)

Кои македонски политичари се на црната листа на САД?

Поради докази за корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судски случаи, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, неговата сопруга и трите деца се најдоа на црната листа на САД.

Покрај Мерко, на оваа листа се наоѓаат и поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс-директорот на Управата за безбедност и разузнавање, Сашо Мијалков како и нивните потесни семејства.

Американскиот Стејт департмент за Груевски има веродостојни информации дека ја злоупотребил својата положба за да бара и прима мито заради владини договори, за незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за стекнување политичка полза за себе и за ВМРО-ДПМНЕ.

На црната листа на САД е ставена и фирмата која Груевски во 2021 година ја отворил во Унгарија, компанијата I.C.I.C. LTD.

На црната листа се наоѓаат и Љубе Бошковски, Мендух Тачи, Невзат Халили, Кастриот Хаџиреџа, Гафур Адили, Џеват Адеми, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Нури Беџети, Џемаил Хисени и Даут Реџепи.

Црната листа е согласно законите на САД и на неа се ставаат лица за кои постојат цврсти докази за корупција.

Прочитајте повеќе

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

Прес-конференција na Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Почитувани граѓани, Нашето општество се соочува со исклучително …