Русија на црна листа на ОН

Русија на црна листа на ОН

Обединетите нации ја обвинуваат Русија за убиство на 136 деца во Украина во 2022 година. Ова произлегува од годишниот извештај на генералниот секретар на ОН до Советот за безбедност.

Обединетите нации (ОН) ги ставаат на црна листа руските вооружени сили и со нив поврзаните вооружени групи за убиства на деца и други сериозни злосторства во Украина.

Според наводите од извештајот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Русија била виновна за убиството на 136 деца во минатата година, за време на агресорската војна против Украина. Гутереш изразува „ужаснатост“ од убиствата.  Во извештајот, исто така се наведува и дека украинските сили убиле 80 деца.

Руската армија е вклучена во списокот на ОН на организации кои вршат сериозни злосторства против децата во вооружени конфликти.

Според податоците на ОН, минатата година во Украина биле убиени вкупно 477 деца, од кои 136 се припишуваат на руските сили и сојузници, а 80 на украинските војници.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …