Миколаив

Руските сили со ракети ги погодија Миколаив и Краматорск и се обидуваат да го заземат Сиверск

Хотел и трговски центар беа погодени утрово од руското гранатирање на пристанишниот град Миколаив на Црното Море, јавува Укринформ. Објектите се наоѓаат во централното градско подрачје, а биле истрелани девет ракети од ракетен систем С-300 врз градот. Во Миколаив се погодени и две образовни институции, како и транспортна инфраструктура во градот.

Овој град на југот на земјата во изминативе денови е под интензивни напади од руските сили и досега се оштетени голем број на објекти. Гардијан јавува дека во областа Миколаив во изминатово деноноќие од артилериските напади има и загинати цивили. Во Первомајск од гранатирањата загинале најмалку четири лица, а еден цивил изминатата ноќ бил убиен во гранатирањето на Баштанка.

Руските сили изминатово деноноќие со воздушен и артилериски удар го нападнаа и градот Краматорск во Донецката област. Погодена била индустриската област, а дел од градот останал без електрична енергија. Во изминатово деноноќие, најмалку тројца цивили загинале во Донецката област како последица на руската офанзива, пренесува Укринформ.

Во Донецката област изминатово деноноќие имало обид на руските сили да го заземат градот Сиверск. Руските медиуми тврдат дека војници веќе влегле во градот, додека украинските власти тврдат дека се одбиени обидите за офанзива. Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај посочува дека руските сили не успеале значајно да напредуваат во изминативе 72 часа, пренесува Гардијан.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Во тајната, проширена руска лабораторија за биооружје

Во тајната, проширена руска лабораторија за биооружје

Малку забележаните видео снимки прегледани од рускиот сервис на РСЕ фрлаат светлина врз таен воен …