Ракетен напад

САД се согласија да ѝ достават на Украина ракети со долг дострел

Ракетите со долг дострел би можеле да бидат особено важни во зимскиот период, кога студеното време ги забавува борбите долж фронтот и Русија може да се обиде да ја зајакне својата одбрана на окупираната украинска територија

САД се согласија да испратат ракети со долг дострел во Украина како воено засилување за украинските сили. Станува збор за армиските тактички ракетни системи ATACMS, кои ќе им овозможат на украинските сили да ја таргетираат руската воена логистика подалеку од линијата на фронтот, пишува весникот Гардијан.

Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на украинскиот лидер Володимир Зеленски на приватна средба дека мал број од ова моќно оружје ќе биде транспортирано во Украина, објави Ен-Би-Си, цитирајќи американски официјални претставници.

Украина со месеци го бара ова оружје, но официјални лица во САД не сакаа да го дадат, бидејќи сопствените резерви на земјата се ограничени и поради стравувањата дека Русија може да го обвини Вашингтон за ескалација на војната.

Но, Украина ќе се обврзе да не ја таргетира руската територија со нив, а откажувањето со кое се дозволува трансфер на касетна муниција во Украина го зголеми бројот на потенцијални ракети што би можеле да се користат од украинските сили.

Истрелан од мобилен фрлач, ATACMS може да погоди цели до 300 километри, дозволувајќи им на украинските сили да нападнат многу подалеку од линиите на фронтот. Потенцијалните цели вклучуваат командни штабови, складишта за оружје и мрежи за снабдување, вклучително и железничка инфраструктура.

Стекнувањето на ATACMS од Украина е последното во долготрајната и во голема мера успешна кампања за притискање на западните сојузници за понапредно вооружување, кое е засилено со украинските воени успеси на теренот.

Ракетите со долг дострел би можеле да бидат особено важни во зимскиот период, кога студеното време ги забавува борбите долж фронтот и Русија може да се обиде да ја зајакне својата одбрана на окупираната украинска територија.

Во меѓувреме, руските сили на терен извршиле нови ракетирања врз населени места во Украина. Најмалку едно лице загина, а тројца се повредени во гранатирањето на населени места во Херсонскиот регион, пренесува Укринформ. Како последица на руското ракетирање, во Донецкиот регион во последните 24 часа загинало едно лице, а четворица се повредени. Еден цивил загинал во руското ракетирање на населени места во регионот Запорижја, информираат украинските власти.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Германскиот канцелар Шолц

Зошто Шолц не може да распише нови избори како Макрон?

Претседателот на Франција, Емануел Макрон по европските избори распиша вонредни избори за францускиот парламент. Во …