Косово полиција

Убиен полицаец на северот на Косово, Приштина ги обвинува српските власти

Косовскиот премиер Албин Курти, но и други косовски официјални лица, ја обвинија Србија, односно српски криминални банди, за нападот врз полициските службеници

Косовската полиција утрово потврди дека еден полициски припадник е убиен, а негов колега е ранет по извршениот напад врз нив во северниот дел на Косово, јавува КосСев.инфо. Единицата за брзи интервенции на пограничната полиција во 2:34 часот забележала дека на влезот во селото Бањска биле поставени два камиона без регистарски таблички, а еден од нив го блокирал патот.

Од полициската станица во Звечан биле испратени три единици во правец на блокадата, но штом се доближиле до местото, полицајците наишле на отпор, а од неколку различни локации е пукано врз нив. Користени се различни видови на огнено оружје, рачни бомби и гранати, при што било пукано врз двајцата полицајци, информираат од косовската полиција.

„Повредените полицајци се извлечени од локацијата и превезени се во регионалната болница во Јужна Митровица, каде лекар констатирал смрт на еден од тешко повредените полицајци, додека од двајцата други службеници, едниот е ранет со огнено оружје, а другиот повреден, и според зборовите на лекарите се надвор од животна опасност“, информираат од ковоската полиција.

Тие информираат дека на терен се активирани сите релевантни полициски единици, но од време на време се напаѓани со огнено оружје од различни позиции од организирани и вооружени групи.

Шефот на кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи соопшти дека српски лица во зелени униформи со оклопни возила се наоѓаат на 15 километри внатре во територијата на Косово (Бањска), каде терористичкиот напад резултирал со ликвидација на косовски полицаец. Од нејзиниот кабинет го обвинуваат српскиот претседател Александар Вучиќ дека прибегнал кон невидена агресија врз Косово, но и му порачува дека истата ќе пропадне.

И косовскиот премиер Албин Курти, но и други косовски официјални лица, ја обвинија Србија, односно српски криминални банди, за нападот врз полициските службеници. Тие тврдат дека српските криминални банди имаат политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …